клонира (св. и несв.)
Тој беше клониран; доживеа мутации; беше предмет на најразлични експерименти кои (нон-стоп) ја рекомбинираа неговата семиотичка ДНК.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Функционирајќи независно и клонирајќи во секоја гранка, интелигенцијата би продолжила да постои во секој од овие облици.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Дали механичката надоградба на телото или генетското клонирање доведуваат до ретериторијализација на субјектот и ако да, до каква? Во заднината на тоа прашање е односот меѓу техниката (технологијата) и телото.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тоа задирање (на пр. сегашните расправи околу клонирањето) ја наметнуваат претпоставката дека телото е само феноменален облик на нематеријален генетски код. Маргина 37 37
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тоа не е природно. Тоа е клонирање.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
- Секој ден има да се раѓаат клонирани деца кои на 3 години ќе дигаат тегови од 150 кила, ќе тепаат диви свињи со голи раце, а на 9 години ќе маваат по литар Балантајн.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)